Активистот, Мартон Џекички, го прекина Орбан додека тој зборуваше за неговото противење на имиграцијата, трчајќи кон подиумот каде што седеше Орбан и фрлајќи куп банкноти на премиерот.
„За колку ја распродадовте државата? За колку ја распродадовте државата господине премиере?“ Џекички извика додека летаа банкнотите. „Тој му се распродаде на Путин, му се распродаде на Си Џинпинг!“ .
Џекички, кој беше совладан од обезбедувањето и изведен надвор од просторијата, е член на унгарската партија Демократска коалиција и член на локалниот совет во предградие на Будимпешта.