Актерката Мег Рајан е добитник на почесното срце на Сараево на 30. Сараевски филмски фестивал

Актерката Мег Рајан е добитник на почесното срце на Сараево, на 30- тиот Сараевски филмски фестивал, за нејзиниот исклучителен придонес во филмската уметност.

„Докажавте дека уметноста и културата се отпор. Вие сте доказ дека различноста е сила, дека уметноста е она што не прави помалку осамени, дека уметноста ги поврзува луѓето надвор од сите ограничувања и дека нема поделба. Ова е уметност, а не војна. Ти благодарам многу за ова срце Сараево, ти го имаш моето! “

Ова престижно признание го доби пред проекцијата на филмот ,,Имаш пошта”, на истото место каде филмот беше прикажан пред 25 години, на 5 тото издание на Сараевскиот Филмски Фестивал.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни