Актерката Софија Куновска денеска во објава на социјалните мрежи остро го критикуваше министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
„Најсрамниот министер за култура на сите времиња, залутан, неспособен, некомпетентен и неодговорен, подопашна мува на своите претпоставени, подолго време ги множи со нула своите колеги. Дали некои институции ќе ја заменат својата улога на столб на правдата со улоги слични на неговата, ќе видиме“ пишува Куновска.
Таа во објавата упати и апел до Уставниот суд да постапи согласно неговите надлежности и во рамки на својата автономија.
„Го повикуваме Уставниот суд да го сочува својот интегритет, да остане “громобран” од политичките напастници и жестоко да го осуди самоволието од страна на поединци, заитересирани само за продлабочување на својот џеб“ вели Куновска.