Актерката Хали Бери влегува во бизнис вреден 17 милјарди долари! Лансира платформа посветена на здравјето на жените во менопауза

Актерката и оскаровка Хали Бери го објави лансирањето на нејзината платформа за менопауза и здравствена заштита на жените Respin Health која има за цел да ја редефинира – или рестартира – менопаузата преку науката, заедницата и технологијата. Бери првпат го лансираше Respin во 2020 година како велнес платформа, но сега го ребрендираше за подиректно да го таргетира здравјето и долговечноста на жените. 

Хали Бери и менопауза 

Менопаузата и перименопаузата можат да бидат „влезна точка за жените“, изјави Бери за Fortune, но целта на Респин е „да им помогне на жените да останат здрави во текот на нивниот живот“. 

Платформата за претплата нуди тренери и лекари кои можат да дадат совети за управување со симптоми на менопауза, пристап до заедница на други жени кои можат да си помагаат меѓусебно и информации за исхрана и фитнес поткрепени со наука. Услугата нуди персонализирани здравствени планови за корисниците кои ги споделуваат своите податоци. 

Хали Бери беше многу гласна за недостатокот на образование за реалноста на менопаузата – во која влегуваат околу 1,3 милиони жени во САД секоја година. Многу од овие жени се борат да најдат соодветни информации за менопаузата и соодветна грижа и често се плашат да зборуваат за тоа соочени со распространетите сексистички и старосни стереотипи, особено на работното место. 

Пазар вреден 17 милијарди долари 

Самата Бери била во перименопауза (премин помеѓу репродуктивната одржливост и менопауза) 10 години без да знае за тоа.Откако посетила лекар за да ги процени нејзините симптоми, на актерката погрешно ѝ бил дијагностициран херпес. За неа, епизодата ја илустрираше тажната реалност на здравјето на жените: тоа е недоволно признаено, недоволно финансирано и недоволно истражено. Грижата за менопауза е исто така зрел пазар. Во рок од 10 години, се предвидува дека САД ќе имаат повеќе возрасни лица на возраст над 50 години од оние на 18 и помлади. Затоа, не е изненадување што иновациите на фемтехнологијата, особено на глобалниот пазар за менопауза од околу 17 милијарди долари, се предвидува дека ќе имаат највисока стапка на раст. 

По децении како една од најбараните актерки, Бери е возбудена поради нејзиниот „втор чин“ како претприемач. 

„Тоа е нова фаза во мојот живот. Тоа е нов предизвик. Тоа ми дава можност да продолжам да учам и можам да споделувам информации со други жени“, вели таа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни