Актерката Даниела Иваноска: Културата е скапа, но некултурата е уште поскапа, живееме во едно болно општество (ВИДЕО)

Ивановска со апел ‘дозволете да бидеме театар, дајте му го местото на театарот во овој град, во Прилеп,во најтеатарскиот град во Македонија. Отворете го театарот’.

„Оваа награда, апсолутно нема да има значење доколку не се засрамат сите оние кои дозволија да се изгаси светлото на сцената. Државата има обврска, градот има обврска и одговорност, не само кон нас уметниците, туку кон сите вас, кон нашата историја, традиција наследство, култура, кон својот јазик. Затоа што, еден град без театар е град без душа. И да културате е скапа, но некултурата уште поскапа“, рече актерката Даниела Ивановска од Народниот театар „Војдан Чернодрински“, кој е еден од добитниците на наградата, 3 Ноември – Денот на осободувањето на Прилеп.

Нејзиниот моќен говор на синоќешната свеченост на доделувањето на третоноемвриските награда по повод празникот, беше проследен со силни аплаузи и овации. Ивановска, во својот говор рече дека со затворање на театарот во Прилеп се направил културен геноцид и ги повика одговорните, ‘веднаш да го отворат театарот’.

„И ако покрај сето ова останете индиферентни и глуви, тогаш навистина живееме во едно болно општество, на кое му нема спас. Е дури тогаш сите ние, а особено генерациите кои доаѓаат после нас многу долго време ќе го отплаќаат цехот направен во името на неписменост, некултура и моќ, постулатите врз кои оваа наша држава со децении се гради и води. Граду мој не можам да те препознаам. Ти кој од секогаш си бил првата пушка, отпор, херој, молчиш, кога пред твоите очи се случува културен геноци. Но јас верувам дека Прилеп, овој мој град ќе се свести и ќе се сети кој е и што треба да прави, и затоа оваа награда нека биде последното предупредување а не последниот збор“, рече Ивановска.

Ивановска со апел ‘дозволете да бидеме театар, дајте му го местото на театарот во овој град, во најтеатарскиот град во Македонија. Отворете го театарот’.

Таа рече дека апсурдно е да се доделува признание на театар што всушност не постои.

„Театар кој не постои во буквална смисла на зборот. Ниту како правен субјект, ниту како објект. Иронично? Да. Апсурдно? Апсолутно да,“ рече Иваноска.
„Денеска го чествуваме со награда кога една институција со 75-годишна историја се затвора, а потоа му се доделува награда. Овој момент е постхумен апсурд.“

Актерката со директно обвинување кон државата и локалната власт за нивната рамнодушност, бирократија и молк, кои, како што кажа, го „убиле театарот“:

„Театарот не умре. Театарот го убија со молк, со неодговорност, со бирократија. И тука вечерва, каде што местото на аплаузите е во мрак, стоиме со награда и велиме — браво. За кого?“

Покрај прилепскиот театар, на свеченоста беа доделени и наградите за животно дело на уметникот Рубенс Корубин и награди за други поединци и институции од Прилеп. Наградите беа доделени во салата на НУ Центар за култура „Марко Цепенков“.

Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, затворен е од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) поради непосредна опасност од пожар и експлозија. Од ДЗС, на 24 март бил спроведен вонреден инспекциски надзор, при што биле утврдени 15 неправилности што се во спротивност со Законот за заштита и спасување, Законот за пожарникарство и други подзаконски акти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни