Актерите Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски ќе одржат три стендап претстави во Скопје – „(Нат)просечен Македонец“

Брзото распродавање на првите два стендапи ни причини големо задоволство, но уште поголема одговорност. Нема да ја разочараме публиката, сакаме да испишеме историја и овие настани се еден вид порив за нас и круна на нашата досегашна работа, како и почеток на една нова етапа во нашата кариера

Актерите Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски ќе одржат три стендап претстави „(Нат)просечен Македонец“ во салата „Јане Сандански“ на 2, 3 и 8 ноември.

На прес-конференцијата во Скопје, сопственикот на „Авалон“ Бобан Милошески рече дека за првпат во историјата на Македонија и поранешна Југославија актери ќе прават три шоуа во поголема сала.

„Никој досега не се осмелил да направи стендап во спортска сала, а камоли три претстави. Кукаме дека сме ‘Македончиња’ и дека не нѐ бива – еве, сега кога нѐ бива, би требало да се забележи ова како непобитен факт“, рече Милошески.

Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски потенцираа дека со овој проект целат да направат нешто што досега не е направено во Македонија:

„Брзото распродавање на првите два стендапи ни причини големо задоволство, но уште поголема одговорност. Нема да ја разочараме публиката, сакаме да испишеме историја и овие настани се еден вид порив за нас и круна на нашата досегашна работа, како и почеток на една нова етапа во нашата кариера”, изјави Костадиновски.

Специјален гостин им е комичарот Стефан Николовски. Настаните на 2ри и 3ти се одамна распродадени, додека влезниците за настанот на 8ми ноември се во продажба онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни