Актерите на Западен Балкан бараат поефикасна заштита на своите права во интеграцијата со ЕУ

На дводневната конференција „Проширувањето на ЕУ и авторското право: Што е следно за актерите во Западен Балкан?“, што се одржа во Скопје, беа утврдени насоки за зајакнување на регионалната соработка и подобрување на статусот на актерите на Западен Балкан. Претставници од здруженијата за колективно управување со авторски и сродни права, експерти и актери, нагласија дека заштитата на правата и праведниот надоместок се клучни за иднината на актерите во регионот.

Во духот на интеграцијата кон ЕУ, Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, истакна дека усогласувањето со европските стандарди за правата на уметниците е не само обврска, туку и потврда на заложбата за поддршка на креативните индустрии. Според него, регионалната акција е неопходна за актерите да добиваат праведна компензација, особено на стриминг платформите, каде што дигиталната трансформација отвора нови предизвици и можности.

Амбасадорот на Словенија, Грегор Прескер, ја потенцираше важноста на ЕУ директивите за заштита на правата на изведувачите, додавајќи дека Словенија постигнала значителен напредок преку долгогодишен труд и дијалог со владата. Од страна на Делегацијата на ЕУ, Марија Канелопулу посочи на заостанувањето на регионот во имплементација на директивите и на потребата од поголема транспарентност и ресурси за нивно спроведување.

Конференцијата, организирана од АЕПО-АРТИС и АЗАС Скопје, со поддршка на Министерството за култура и туризам и во соработка со словенечката АИПА, пренесе важни заклучоци и го постави фокусот на колективното управување со правата на актерите, прилагодувањето кон дигиталната ера и креирање нови иницијативи кои ќе ја поддржат културната разновидност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни