АКРЕА – Кoга културното наследство добива современ израз

Акреа претставува креативен и современ израз на културното наследство и традицијата. Таа е спој меѓу минатото и сегашноста, каде автентичните вредности се прераскажани преку модерен визуелен јазик.

Акреа е современ израз на македонското културно наследство – спој на традицијата и современиот дизајн. Со секој мотив, секој детаљ и секој производ, Акреа оживува приказни од минатото и ги претставува на начин што го инспирира денешното време.

„Акреа е креативно обоена приказна вткаена со многу љубов – визуелизација на искуствата, знаењето, почитта и длабоката поврзаност со културното наследство. Таа е одраз на сè она што сум јас. Инспирацијата ја пронаоѓам во богатството на македонската култура како непресушен извор на идеи:
во фасцинантната археологија (Големата Божица Мајка, Менада, Златната маска од Охрид),
во волшебните и мистични народни везови со нивните препознатливи карактеристики од различни краеви на Македонија, во вештината и креативноста на македонската жена, во импресивниот фрескоживопис, во богатите и чудесни народни обичаи (Џоломари, Прилепски мечкари, Водичарки, Лазарки, Галичка невеста), како и во впечатливата архитектура (Шарена џамија, Охридска куќа, НУБ „Св. Климент Охридски“, ѕидната декорација од Богородица Перивлепта)„ вели Анета Трпчевска, креаторна на колекцијата.

Дизајните на Акреа се аплицираат на различни производи, со цел преку нивната секојдневна употреба да се поттикне промоција, препознавање и запознавање со културното наследство и традицијата.

„Преку внимателно стилизирање на мотивите, без исклучок ја задржувам нивната автентичност, претставувајќи ги во нов, современ израз прилагоден на денешното време. Токму овој пристап ја отсликува суштината на Акреа – поврзување на минатото со современото.“

Акреа не е само бренд или дизајн, тоа е мост меѓу минатото и сегашноста, приказна што ги оживува и почитува нашите културни корени. Преку современата интерпретација на традиционалните мотиви, секој производ станува носител на историја, инспирација и љубов кон македонската култура. На овој начин, Акреа поттикнува свест, ја негува традицијата и ја приближува културната убавина на сите генерации, создавајќи современ дијалог со нашето наследство

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни