Ако ви го најдат овој предмет во автомобилот, казната може да достигне до 10.000 евра

Ако во автомобилот ви пронајдат одреден вид нож, може да бидете казнети со парична казна која достигнува и до 10.000 евра. Според германскиот Закон за оружје, носењето ножеви со одредени карактеристики е строго регулирано, а во некои случаи и целосно забрането – дури и кога се наоѓаат во приватен автомобил.

Како што појаснува Германскиот авто-клуб (ADAC), носењето одредени видови ножеви е недозволено без оправдана причина. Тоа значи дека, доколку не можете да докажете дека ножот ви е потребен за работа или постои друга законски прифатлива причина за негово поседување, казната може да биде висока.

Дополнително, и самото пренесување на ножот во автомобилот претставува прекршок ако тој не е безбедно складиран. Оставен во преградата за ракавици или на друго лесно достапно место не се смета за соодветно обезбеден, бидејќи законот бара тој да биде во заклучена кутија или торба.

Забраната не се однесува на сите ножеви. Според ADAC, обичните џепни ножеви најчесто не претставуваат проблем, но одредени кујнски ножеви, како и ножеви со подолго сечило или оние што се сметаат за офанзивни по својата конструкција, не треба да се чуваат во автомобилот без конкретна потреба.

Граѓаните кои патуваат низ Германија или низ други земји на ЕУ треба внимателно да ги проверуваат законите поврзани со поседување на ножеви и друг вид остри предмети, бидејќи правилата може значително да се разликуваат од земја до земја, а прекршувањето може да доведе до значителни финансиски последици.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни