Ако шетате за да пробате храна, тогаш треба да одите во Лисабон

Главниот град на Португалија е прогласен за најдобра кулинарска дестинација во Европа на годишните „Светски кулинарски награди“, што се одржа во Дубаи.
Фото: Pedro Szekely/Flickr

Градот Лисабон е познат по својата богата култура, неверојатна архитектура, ридест градски пејзаж и храна. Ако некогаш сте ја посетиле португалската престолнина, знаете дека нејзините улици почнуваат да мирисаат на слатка ванила во раните утрински часови додека пекарите подготвуваат разни колачи, вклучувајќи го и познатиот пастел де ната.

Секоја година се одржува натпревар кој има цел да ја промовира глобалната кулинарска култура и да го поттикне гастрономскиот туризам.

Фото: F Delventhal/Flickr

Париз, Лондон, Барселона, Виена, Фиренца и Копенхаген беа во трка за оваа престижна кулинарска награда.

Победниците се избираат од кулинарската заедница, експертите од индустријата и потрошувачите во согласност со официјалните правила на организацијата.

„Наградата се доделува за квалитетот на гастрономијата по кој е познат Лисабон. Локалната економија е сè попрепознатлив фактор на Лисабон, а гастрономијата многу придонесува за квалитетот на туризмот“, рече Карлос Моедас, градоначалник на Лисабон на прес-конференција.

Лисабонската кујна е позната по разновидноста и квалитетот на храната

Градот има седумнаесет ресторани со една и две Мишелин ѕвезди, кои се прикажани во туристичките брошури.

Некои од кафулињата и пекарите беа наградени и со признанија доделени од Food and Vine.

Инаку, Лос Анџелес е прогласен за најдобар кулинарски град во САД.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни