Ако сакате добро здравје на цревата и витка линија, ограничете три пијалоци

Кога станува збор за здравата исхрана, повеќето од нас се фокусирани само на храната. Но, сè што пиеме може да влијае и на здравјето на нашите црева и на тоа како нашето тело складира масти. Правењето попаметни избори за тоа што пиеме може да биде многу важно кога станува збор за одржување на целокупното здравје.

Диететичарите и нутриционистите, Кимберли Букер, Дестини Муди и Лорен Харис-Пинкус, предупредија на три преработени пијалоци кои можат да предизвикаат зголемување на телесната тежина и да му наштетат на здравјето на цревата доколку се консумираат редовно.

  1. Енергетски пијалоци
    Енергетските пијалоци можат да имаат негативни ефекти врз здравјето на цревата и да придонесат за акумулација на висцерални масти. Овие пијалоци се преполни со кофеин, шеќер и вештачки адитиви и можат да ја нарушат деликатната рамнотежа на бактериите во цревата, што доведува до воспаление и дигестивни проблеми.

Високата содржина на шеќер во енергетските пијалоци може да го зголеми нивото на шеќер во крвта и да го промовира складирањето на маснотии, особено висцералните масти, доколку се консумираат прекумерно.

„Енергетските пијалоци можат да предизвикаат гастритис, воспаление, дијареа и други дигестивни проблеми. Покрај тоа, тие можат да ја зголемат анксиозноста, што може да ги влоши симптомите кај луѓето со синдром на нервозно дебело црево (IBS)“, изјави Пинкус за SheFinds.

  1. Овошни сокови
    Овошните сокови, кои често се сметаат за здрав пијалок, може парадоксално да придонесат за воспаление и зголемување на телесната тежина поради нивната висока содржина на шеќер.

„Комерцијалните овошни сокови често имаат додадени шеќери и немаат влакна кои се наоѓаат во целото овошје. Конзумирањето овошни сокови без влакна може да предизвика брзо зголемување на нивото на шеќер во крвта, поттикнувајќи воспаление. Телото не регистрира течни калории како и цврстите калории, што доведува до прекумерна потрошувачка и потенцијално зголемување на телесната тежина“, истакнува Букер.

  1. Газирани пијалоци
    Газираните пијалоци претставуваат двојна закана за здравјето бидејќи поттикнуваат воспаление и предизвикуваат зголемување на телесната тежина. Полни со додадени шеќери, газираните пијалоци може да доведат до брзо зголемување на нивото на шеќер во крвта доколку се консумираат прекумерно. Понатаму, течните калории што ги обезбедуваат газираните пијалоци лесно може да доведат до зголемен вкупен внес на калории, што потенцијално придонесува за зголемување на телесната тежина со текот на времето.

„Газираните пијалоци се всушност течен шеќер, а прекумерното консумирање може да предизвика воспаление во телото што може да го отежне слабеењето и да ве изложи на ризик од хронични болести“, заклучува Муди.

Фото: pexels

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни