Ако патувате во Дубровник, мора да знаете за ова бизарно правило: Мал знак на невнимание може скапо да ги чини туристите на одмор

Туристите треба да знаат дека употребата на куфери со тркала е забранета во стариот дел на градот.

Како што се приближува Први мај, многу туристи веќе планираат мини-одмор, а Дубровник повторно е на листата на најпосакувани дестинации. Сепак, секој што планира да го посети стариот градски центар на овој јадрански бисер треба да биде подготвен за едно важно правило – забраната за користење куфери со тркала!

Нови правила во Дубровник поради бучава

Имено, градските власти на Дубровник одлучија да го забранат тркалањето куфери низ тесните калдрмисани улички поради бројни поплаки за бучава од локалното население. Наместо тоа, туристите ќе мораат: да користет специјални услуги за превоз на багаж што ги нудат одредени хотели и агенции.
Градоначалникот Мато Франковиќ истакна дека оваа мерка е дел од поширок план за зачувување на квалитетот на живот на жителите на стариот град.

Дубровник воведува ред меѓу туристите

Забраната за тркалање куфери не е единствената новина. Дубровник веќе некое време спроведува голем број мерки за регулирање на однесувањето на туристите и заштита на културното наследство:

-Ограничен број на крузери што можат да се закотват дневно
-Забрана за излегување без маица во јавност
-Забрана за искачување по споменици
-Мерење и контрола на бучавата од угостителските објекти

Новите законски измени им овозможија на локалните власти независно да ја санкционираат бучавата, што претходно беше одговорност на санитарната инспекција.

Дубровник има строги правила

Совет за сите што патуваат во Дубровник за Први Мај

Доколку планирате да уживате во празничниот викенд во Дубровник, подгответе се за локалните правила и почитувајте ги. Иако можеби звучат строги, мерките беа воведени со цел градот да остане пријатно и зачувано место и за туристите и за локалното население.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни