Сметките за електрична енергија се зголемуваат во последните години, па затоа домаќинствата бараат начини за заштеда и намалување на непотребната потрошувачка на енергија. Додека повеќето веднаш помислуваат на големи потрошувачи како што се климатизација, греење или машини за перење, експертите предупредуваат дека најголемиот „невидлив виновник“ се крие во кујната.

Според Кори Гилган, сопственик на Oregon Generators, микробрановата печка е чест извор на дополнителна потрошувачка, дури и кога не е во употреба.
„Уредот што најчесто троши енергија преку таканаречена фантомска потрошувачка е микробрановата печка. Повеќето домаќинства дури и не знаат дека троши електрична енергија 24 часа на ден, дури и кога не загревате храна“, вели Кори Гилган.
Оваа фантомска енергија всушност значи струјата што уредот ја троши додека е во мирување. Кај микробрановите печки, ова се случува поради постојано активно внатрешно коло и дигиталниот дисплеј. На прв поглед изгледа незначително – околу четири вати на час – но на годишно ниво станува приближно 35 киловат-часови.

Кога на ова ќе се додадат и други уреди како што се апарати за кафе, полначи, телевизори или печатачи, вкупната непотребна потрошувачка може да се зголеми до 10 проценти од месечната сметка. Во земјите со повисоки цени на електричната енергија, овој скриен трошок може да достигне до 440 долари годишно (околу 374 евра).
„Кога на тоа ќе ги додадеме трошоците за ладење во лето, сметката за електрична енергија лесно може да стане вистинска главоболка“, предупредува Гилган.
Решението, сепак, постои и не бара големи инвестиции:
-Исклучете ја микробрановата печка и другите апарати кога не се во употреба
-Користете паметни продолжни кабли, кои автоматски го исклучуваат напојувањето
-Програмирајте ги паметните приклучоци да се исклучуваат ноќе или кога сте отсутни
„Со отстранување на фантомското напојување, не жртвувате практичност едноставно ја отстранувате непотребната потрошувачка. Започнете со микробранова печка уште вечерва и брзо ќе ги забележите првите заштеди“, вели Кори Гилган.