И може да биде уште подобро, бидејќи овој конкретен настан е порамнување на седум планети.
„Планетарно порамнување е астрономски термин кој се користи за опишување на настан кога неколку планети се спојуваат на едната страна од Сонцето во исто време“, според веб-страницата Star Walk.
Престојното планетарно порамнување се очекува да се случи на 28 февруари 2025 година по зајдисонце. Порамнувањето ќе ги вклучи Сатурн, Меркур, Нептун, Венера, Уран, Јупитер и Марс.
Star Walk на својата веб-страница наведува дека четири планети (Меркур, Венера, Јупитер и Марс) „ќе бидат лесно видливи со голо око“, истакнувајќи дека двоглед или мал телескоп може да бидат корисни за гледање на другите две планети – Уран и Нептун.
„Почнете да гледате штом сонцето ќе зајде под хоризонтот“, изјавија од Star Walk.
„Најдете област подалеку од градот или уличните светла. Подгответе се за зимско време со вреќа за спиење и ќебе. Легнете рамно на грб со нозете свртени кон североисток и погледнете на небото“.
Според Star Walk, „следниот пат кога седумте планети ќе се порамнат (по 28 февруари 2025 година) најверојатно ќе биде кон крајот на 2028 година“.