Акциите на Wall Street во пораст трети ден по ред, инвеститорите охрабрени

По остриот пад во понеделник, во последните три дена индексите силно пораснаа, што најмногу се должи на надежта на инвеститорите за попуштање на трговските напнатости меѓу САД и Кина.

На Wall Street, во четвртокот, цените на акциите силно пораснаа трети ден по ред, најмногу во технолошкиот сектор, бидејќи инвеститорите се надеваат на попуштање на трговските напнатости меѓу САД и Кина. Dow Jones индексот порасна за 1,23 отсто, на 40.093 поени, додека S&P 500 скокна за 2,03 отсто, на 5.484 поени, а Nasdaq индексот порасна за 2,74 отсто, на 17.166 поени.

По остриот пад во понеделник, во последните три дена индексите силно пораснаа, што најмногу се должи на надежта на инвеститорите за попуштање на трговските напнатости меѓу САД и Кина. Иако сѐ уште нема конкретни потези во врска со тоа, инвеститорите веруваат дека на крајот ќе биде постигнат некаков договор.

Пекинг вчера го повика Вашингтон да ги укине царините на кинескиот увоз, по што американскиот министер за финансии, Скот Бесент, порача дека Белата куќа е подготвена да попушти во однос на трговските напнатости. Благодарение на тоа, вчера цените на акциите пораснаа во 10 од 11 најважни сектори на S&P 500 индексот, а најмногу во технолошкиот сектор, просечно за 3,5 отсто.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни