Акција на ,,Илика” Култура Бета и „Буква” за собирање на стари книги

Култура Бета заедно со кафе-книжарниците „Илика“ и „Буква“ од 20 август до 20 септември во кафе-книжарницата „Илика“ меѓу 10 и 21 часот, од понеделник до сабота, организираат crowdfunding настан за Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“.

Сите собрани средства ќе бидат вложени во организирање на настани и подготовка на книги од страна на Култура Бета.

,,Ако имате вишок, дупликати, книги со кои сте скарани, книги што мислите дека треба и други да ги прочитаат или едноставно сакате да им олесните на вашите преполнети полици, имаме одлична шанса каде да ги дадете вашите стари, прочитани книги и тие да завршат во добри раце!Вашата помош ќе ни биде потребна во делот за собирање на стари книги за базарот кој ќе го организираме во рамки на поголем мултимедијален настан. Ги повикуваме сите поддржувачи на младинската култура, читатели, автори, фанатични колекционери и, секако, издавачи на книги кои сакаат да ги излуфтираат своите магацини, да ни донесат селекција од нивните стари книги во кафе-книжарницата „Илика“, порачуваат организаторите.

Настанот е планиран да се одржи кон крајот на септември и тоа во два дела: за дневниот дел, во соработка со кафе-книжарницата „Илика“, ќе организира базар на стари книги, а вечерта во кафе-книжарницата „Буква“ на афтерпарти настанот ќе продолжи со музика и уште некои изненадувања.

,,Kнигите можете да ни ги донесете ве очекуваме! Важно е книгите да се во добра состојба, насловите да се избрани, а прифаќаме и книги на странски јазици” порачуваат организаторите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни