Академскиот пленум ги осудува најавите за насилство: „Власта да се повлече пред 1. ноември“

Академскиот пленум ги осудува најавите за насилство на 1. ноември во Нови Сад и повикува властите да се повлечат. Студентите најавуваат мирна и достоинствена комеморација.

Академскиот пленум во Србија реагираше на изјавите на властите, вклучително Милош Вучевиќ, Александар Вучиќ и Дарко Глишиќ, дека студентите на 1. ноември во Нови Сад ќе предизвикаат насилство. Пленумот изразува загриженост дека овие изјави укажуваат на можност власта да испрати провокатори или маскирани лица со цел да предизвикаат нереди за време на комеморативната шетња.

Студентите, од самиот почеток, најавуваат дека шетката ќе биде мирна, без бука и пиштаљки, со цел граѓаните достоинствено да оддадат почит на 16-те загинати под надстрешницата на Железничката станица во Нови Сад, но и да потсетат на фактот дека никој сè уште не е одговорен за корупцијата која доведе до трагедијата.

Академскиот пленум потсетува на претходните инциденти од 5. ноември 2024 и 5. септември 2025 година, кога непознати, маскирани лица предизвикаа нереди, додека невини студенти и граѓани беа приведени. Пленумот изразува основано сомневање дека ваквите сценарија биле подметнати од владејачкиот режим, за студентите да бидат прикажани како насилна сила.

„Ги повикуваме властите да одустанат од таквите намери. Студентите и граѓаните ќе се потрудат комеморативниот собир да помине мирно и достоинствено, а евентуалните провокатори да бидат идентификувани и изолирани. Доколку се случи било какво насилство, единствен одговорен ќе биде лично Александар Вучиќ“, се наведува во соопштението на Академскиот пленум.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни