Академскиот пленум, преку соопштение испратено до медиумите го повикува ректорот на Универзитетот во Нови Сад, Дејан Мадиќ, ,,барем еднаш во својот живот да направи чесен потег” и да поднесе оставка, бидејќи УНС веќе не се наоѓа меѓу првите 1000 светски универзитети на Шангајската листа.
,, Ректорот е одговорното лице кое се грижи и за остварувањето на научната дејност на универзитетот, па со самото тоа е и најодговорен за овој пад на Шангајската листа, иако Универзитетот во Нови Сад има голем научен потенцијал, не само преку факултетите, туку и преку научните институти што му припаѓаат.
Со своите постапки, Мадиќ со месеци го блокираше работењето на Сенатот и на тој начин ги успори сите одлуки поврзани со статусот на научните работници. Наместо да се бори за подобра научна продукција, тој водеше борба против студентите и колегите, па затоа не е ни изненадување што УНС повеќе не е меѓу најпрестижните светски универзитети.
Колку и на кој начин на Мадиќ му е важна науката најдобро зборува фактот дека од меѓународниот Еразмус проект во кој учествува и УНС, ректорот планирал патување во Тајланд, не само за себе, туку и за својата сопруга. Очигледно е дека за него науката е важна само до степен каде што може да има лична корист” стои во барањето на Пленумот.