Академски плeнум собира податоци за сите откази на наставници во Србија

Неформалната мрежа на професори „Академски плeнум“ соопшти дека добила повеќе пријави од наставници кои останале без продолжување на договорите, што според нив е резултат на партиски директиви.

„Директорите на основни и средни училишта, под целосна контрола на Српската напредна партија (СНС), добиле станачка директива да не им се продолжуваат договорите на наставниците кои учествувале на студентски и граѓански протести, доколку претходната учебна година биле ангажирани на определено време“, истакна Академски плeнум.

Според нив, ова се прави со цел да се отстранат „потенцијални проблеми“, што во практика значи елиминирање на професионалци кои покажале граѓанска свест и храброст да застанат во заштита на правдата и одбраната на студентите и општеството во целина.

„Наставниците кои остануваат без договор почнале да бидат заменувани со лица без соодветни квалификации. Ова повеќе не е само политички прогон, туку директно се загрозува квалитетот на наставата и интегритетот на образовниот систем“, истакнуваат од Академски плeнум.

Тие ги повикуваат сите наставници на кои не им се продолжува договорот да се обратат до Академски плeнум и да ги внесат своите случаи во базата на податоци „За ден после“, каде ќе можат да ја документираат неправдата и по име да ги наведат директорите на училишта кои спроведуваат партиски налози.

„Само систематско бележење и информирање на јавноста може да создаде услови за правна и општествена одговорност на оние кои злоупотребуваат функција за партиски интереси“, додаваат од Академски плeнум.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни