Инцидентот се случил во понеделник близу островот Кокос, а противпожарната служба го пренела повредениот биолог Маурисио Хојос во болница во главниот град Сан Хозе, на околу 340 милји од местото на нападот, пренесе CBS News.
И покрај сериозните повреди на главата и ногата, Хојос бил донесен во болница во стабилна состојба.
Лекар од противпожарната служба изјави дека Хојос бил нападнат од ајкула долга околу четири метри.
Биологот предводел научна експедиција организирана од „One Ocean Worldwide Coalition“.
„Такви инциденти се исклучително ретки“, изјави претставникот на организацијата, Алекс Антониу.
Во 2017 година, тиграста ајкула исто така нападна и усмрти една Американка во близина на истиот остров, при што нејзиниот водич нуркач беше сериозно повреден. Локалните власти тогаш соопштија дека тоа бил прв напад од ваков вид на тоа подрачје.
Овој регион е дом на 14 видови ајкули, што го прави популарно место за нуркачи од целиот свет.
Извор: N1info.rs
