Дали храната од Air Fryer е навистина поздрава?

Дали храната подготвена во air fryer е поздрава од класично пржење? Еве што велат нутриционистите за калории, масти и ризици

Фритезите на топол воздух (air fryer) стануваат сè попопуларни, но прашањето останува – дали храната подготвена во нив е навистина поздравa?

Иако често се нарекуваат „фритези“, овие уреди всушност работат како мали конвекциски рерни. Тие користат циркулација на жежок воздух за да создадат крцкава текстура, со многу малку или без масло.

Според нутриционистите, ова значи дека храната подготвена во air fryer содржи значително помалку масти и калории во споредба со класичното пржење. Додека храната пржена во длабоко масло може да впие и до 25% масло, кај air fryer оваа бројка е минимална.

Разликите се јасни и во бројките. Порција компирчиња подготвени во air fryer има околу 116 калории и 4 грама масти, додека истата количина пржена во масло има речиси двојно повеќе калории и масти. Слично е и со месото – значително помал внес на маснотии при подготовка со топол воздух.

Дополнително, ваквиот начин на готвење го намалува вкупниот внес на калории, што може да помогне при одржување на телесната тежина и подобрување на општото здравје.

Сепак, постојат и одредени недостатоци. Готвењето на високи температури може да доведе до создавање на акриламид – соединение кое во високи дози е поврзано со здравствени ризици. Но експертите нагласуваат дека количините кои се внесуваат преку исхраната се далеку под опасното ниво.

Исто така, важно е да се знае дека не секоја храна станува „здрава“ само затоа што е подготвена во air fryer. Преработените производи, како панирaни и замрзнати јадења, и понатаму содржат високо ниво на сол и рафинирани јаглехидрати.

Најдобри резултати се постигнуваат кога се подготвуваат свежи намирници – како зеленчук, риба или немасно месо.

Заклучокот е едноставен: air fryer може да биде поздравa алтернатива на класичното пржење, но клучно е што ќе изберете да подготвувате во него.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни