AI открила содржина на 2.000 години стари римски записи кои изгореле во вулканска ерупција

Минатата година, тројца студенти освоиле главна награда од 700.000 долари на Везувскиот предизвик благодарение на нивната работа со вештачка интелигенција. Таа овозможила читање на делови од записите пронајдени во остатоците од вила во Херкуланум.

Со помош на рентгенско снимање и вештачка интелигенција (AI), научниците погледнале во 2.000 години стар римски запис, испечен за време на ерупцијата на Везув и се воодушевени од она што го пронашле.

„Изненаден сум од самиот обем на текстот што овој запис ветува дека ќе открие“, изјавил Бренд Силс, професор по компјутерски науки на Универзитетот во Кентаки. Силс е еден од основачите на Везувскиот предизвик, меѓународно натпреварување кое користи машинско учење и компјутерско гледање за да ги дешифрира содржините на записите кои биле изгорени во вулканската ерупција од 79 година н.е. Таа катастрофа ги покрила римските градови Помпеја и Херкуланум со шест метри пепел.


Минатата година, тројца студенти освоиле главна награда од 700.000 долари на Везувскиот предизвик благодарение на нивната работа со вештачка интелигенција. Таа овозможила читање на делови од записите пронајдени во остатоците од вила во Херкуланум.

Документите од вилата биле јагленисани и претворени во цврсти грутки поради интензивната топлина на ерупцијата. Физичкото одмотување на овие кршливи документи носи ризик од нивно оштетување, па истражувачите се насочиле кон технологијата за да ги „одмотат“ виртуелно.

Во средата, Везувскиот предизвик објави „историски пробив“, откривајќи ја првата успешно генерирана слика на внатрешноста на записот, на која се видливи столбови од грчки текст.

„Овој запис содржи повеќе обновлив текст отколку што сме виделе на скенираните херкулански записи“, рекол Силс.

Раната анализа на папиролог од Универзитетот Оксфорд сугерира дека авторот на документот бил епикурејскиот филозоф Филодем. Повеќето од записите пронајдени во остатоците од библиотеката на Херкуланум од 1750-те години припаѓаат на него, а ракописот во PHerc. 172 покажува силна сличност.

Експертите од Оксфорд идентификувале неколку зборови во текстот, вклучувајќи „глупаво“, што е карактеристично за стилот на пишување на Филодем, како и старогрчката реч за „мрзеливост“. Претпоставуваат дека записот е завршен ракопис, бидејќи содржи вообичаен симбол на крајот на редот.

„Ова е неверојатен момент во историјата, бидејќи библиотекари, информатичари и стручњаци за класичниот период соработуваат за да откријат невидливо“, рекол Ричард Овенден, главен библиотекар на Бодлејанската библиотека.

Мастилото било вистинско изненадување
Научниците го скенирале записот во Diamond Light Source, национален истражувачки центар во Велика Британија кој содржи синхротрон, акцелератор на честички кој произведува моќен рентгенски зрак. Потоа, со помош на вештачка интелигенција, составиле слики, откриле присуство на мастило и ја подобриле јасноста на текстот.

„Овој запис има многу чисти делови и слоеви кои лесно можат да се одвојат“, рекол Силс. „Но мастилото беше вистинско изненадување. Неговата видливост беше многу поизразена од почетокот отколку кај другите записи. Мастилото на папирусот беше видливо на многу места дури и пред да се користат AI методите за подобрување на читливоста.“

Истражувачите сметаат дека тоа веројатно е резултат на хемискиот состав на мастилото. Можно е да содржи погуст загадувач, како што е олово, па тимот планира дополнителни тестирања. Што се однесува до содржината на документот, моделите на вештачка интелигенција засега не можат да го разберат јазикот или да препознаат поединечни знаци. Тука на сцена стапуваат луѓето.

Додека научниците го проучуваат текстот, Везувскиот предизвик повикува и пошироката јавност да помогне во дешифрирањето на записите, со надеж дека ќе откријат уште подлабоки увиди од античкиот свет.

„Меѓу писателот и читателите постои света врска“, рекол Силс. „Идеите на древните мислители денес се неверојатно релевантни и ги надминуваат технолошките разлики меѓу минатото и сегашноста.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни