AI Fest 2025 стартуваше во Скопје – 50 дена технологија, знаење и иновации

Во просториите на Семос Едукација вчера стартуваше AI Fest 2025, најголемиот регионален фестивал посветен на вештачката интелигенција. Во наредните 50 дена, сè до 5 јуни, фестивалот ќе понуди низа бесплатни обуки, вебинари, панели, интерактивни активности и испити за стекнување вештини поврзани со AI технологијата.

Само на првиот ден, се одржаа 60 вебинари на 18 теми, насочени кон ИТ професионалци, бизнис корисници и AI ентузијасти, а беше направен и обид за поставување GUINNESS WORLD RECORDS™ за најголем број корисници вклучени во онлајн AI сесии во период од 24 часа.

„Дигиталната писменост е новата писменост. Токму затоа вложуваме во преквалификации, едукација за ранливи категории и развој на AI вештини кај младите,“ изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на отворањето.

AI Fest 2025 е дел од Националната иницијатива за развој на AI вештини, која се реализира како дел од глобален проект на Microsoft, со поддршка од Министерството за дигитална трансформација, Семос Едукација како официјален партнер, како и компании како Стопанска банка, Телеком, Триглав Осигурување и други.

„Целта е секој граѓанин – од студент до професионалец – да има можност за квалитетна обука во оваа стратешки важна област. Вештачката интелигенција е клучот за модерно општество,“ нагласи Валентина Тасева, директорка на Семос Едукација.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни