АХВ ги засили контролите пред Велигден: Јајца, бои и месо под зголемен надзор

Инспекторите проверуваат маркети, месарници, зелени пазари и увозници на бои, а АХВ апелира граѓаните да купуваат само од регистрирани оператори.

Агенцијата за храна и ветеринарство спроведува засилени контроли кај операторите со храна низ целата држава во пресрет на велигденските празници. Надзорот го опфаќа целиот синџир на храна од производство до продажба, со посебен акцент на јајцата, боите за јајца и месото, чија побарувачка традиционално расте во овој период.

Кој е под лупа?

Засилениот надзор ги опфаќа маркетите, угостителските објекти, специјализираните продавници за јајца, месарниците и зелените пазари. Посебно внимание се посветува на увозот на бои за јајца, при што на физички преглед подлежи секоја увозна пратка на местото на истовар, соопшти АХВ.

Што проверуваат инспекторите?

Инспекторите за храна и официјалните ветеринари на терен проверуваат дали операторите ги исполнуваат условите за безбедност на храната, со акцент на чувањето, складирањето и означувањето на производите. АХВ посочува дека на овој начин превентивно дејствува за да спречи пласирање небезбедни производи и нелегална трговија.

Апел до граѓаните

АХВ ги повикува граѓаните да купуваат храна исклучиво од одобрени и регистрирани оператори кои се под контрола на Агенцијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни