Агро Саем Струмица – фестивал на храна, мед и пијалоци

Ова не е само саем, туку вистински фестивал на вкусовите и традициите, каде што ќе ја почитуваме домашната храна и ќе ја поддржиме локалната економија. Со многу дегустации, културно-уметничка програма и стручни предавања

По четврти пат оваа сабота од 10 до 16 часот, Струмица ќе биде домаќин на Агро Саем Струмица – местото каде што земјоделците, производителите на храна и љубителите на локалните продукти ќе се соберат на едно место.

Proagro Farmeri АГРО САЕМ Струмица е место за промоција на традиционална домашна храна, натпревар за највкусен мед од Балканот, стручни предавања за новите трендови и технологии во земјоделството и презентација на органски и градинарски производи, како и промоција на рурален туризам.

Ќе има и дегустација на најдобрите вина и ракии од земјава а ќе се бира и Жена Фармер на Годината.

,,Ова не е само саем, туку вистински фестивал на вкусовите и традициите, каде што ќе ја почитуваме домашната храна и ќе ја поддржиме локалната економија. Со многу дегустации, културно-уметничка програма и стручни предавања” велат организаторите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни