„Хичкоков хорор“ во познато одморалиште: Агресивни птици напаѓаат туристи, чекајќи ги да седнат во ресторани

Птиците што напаѓаат туристи во Порто се водени од галеби, агресивни летачи кои не се двоумат да ги нападнат гостите.

Во текот на јули, во неколку наврати, сцени слични на оние од филмот на Хичкок „Птиците“ се одвивале во центарот на градот.

Според локалните угостители, птиците се иритирани и провоцирани од „голем број луѓе што јадат надвор“. Најчести крадци на храна од чинијата се гулабите.

„Пред неколку дена, гулаб се обиде да одлета од масата носејќи стек од 300 грама. Успеал да го симне од чинијата, но набрзо паднал на земја бидејќи пленот бил премногу тежок за да избега“, рекол сопственикот на ресторанот „А Браса“ во Порто, додавајќи дека имало многу поплаки од гости кои биле вознемирени од птиците.

Дневниот весник, Jornal de Noticias, повикувајќи се на угостителите, наведува дека галебите се далеку поагресивни од гулабите и дека се однесуваат многу самоуверено во ресторанските градини. Често, што може да се види и на видеата, тие ги напаѓаат гостите додека им ги крадат оброците

Португалските угостители тврдат дека дури и моделите на соколи поставени на фасадите на зградите не успеваат да ги исплашат. Дури и дроновите не биле успешни во обидот да ги избркаат незаситните птици.

Според мислењето на биологот, професор Адриан Бордал е Са, една од главните причини зошто птиците почесто се задржуваат околу рестораните е несоодветното затворање на контејнерите за ѓубре во близина на угостителските објекти.

„Мирисот на храната ги привлекува птиците во центарот на Порто. Нивното присуство стана толку често што сега претставува сериозен ризик за јавното здравје“, оцени португалскиот биолог.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни