Агресивни пчели напаѓаат во Франција: Десетици се повредени, тројца се во критична состојба

Дваесет и четири лица биле повредени, а тројца од нив префрлени во болница во критична состојба кога стотици пчели ненадејно нападнале луѓе

Три лица во Франција остануваат во „критична, но стабилна состојба“ по необичниот напад на пчели за време на викендот, во кој беа повредени 24 минувачи, изјави во понеделник градоначалникот на Оријак.

Дваесет и четири лица биле повредени, а тројца од нив итно префрлени во болница во критична состојба кога стотици пчели ненадејно нападнале луѓе во централно-јужниот град во неделата наутро, јавува Би Би Си

Според локалните медиуми, една од нив била 78-годишна жена која била касната 25 пати и морала да биде реанимирана по кардиореспираторен застој.

Полицијата и пожарникарите ја оградиле областа, а беше повикан и пчелар за да ги исчади пчелите – безбеден начин за смирување на инсектите.

Градоначалникот на Оријак, Пјер Матоние, изјавил дека азиските стршлени кои се закануваат на кошница со пчели можеби биле катализатор за нападот.

Но, Кристијан Кариер, претседателот на регионалниот синдикат на пчелари, имал поинакво мислење.

Тој за „Франс Инфо“ изјави дека пчелите генерално избегнуваат целосно да ги напуштат своите колонии во присуство на азиски стршлени.

Наместо тоа, тој рече дека необичниот инцидент можеби се должи на тоа што колонијата пчели станала преголема за својата кошница и станала „преактивна“ .

„Можеби [пчелите] немале доволно простор и нивната колонија немала намера да се рои. Ова може да предизвика силна агресија“, изјави Кериер.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни