“AGOGIC” со „Танго Приказна“ во офицерскиот дом во Битола

Во среда на 12 јуни во 20:00 часот, во Офицерски Дом Битола, во склоп на нивната мини турнеја Скопје – Битола – Струмица, составот “AGOGIC” ќе ја изведе нивната „Танго Приказна“.

„На ова магично музичко патување, ќе бидете запознаени со извонредниот музички состав “AGOGIC”, чии звуци истовремено ќе ве разнежнат и ги задоволат Вашите сетила“ се вели во најавата за настанот.

Составот “AGOGIC” повеќе од 14 години го обогатува музичкиот свет со своето уметничко изведување кое ќе го почувствувате во секоја нота. 

Заедно со нив, сценски настап ќе имаат и на Владанка и Онур Мок од “Centеr 213”, кои повеќе од 10 години се занимаваат со Аргентинско Социјално Танго.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни