Агенти на Трамп апсат луѓе врз основа на раса и јазик – Врховниот суд привремено го забрани тоа

Американски федерален суд забрани на имиграциските агенти на администрацијата на Трамп да вршат апсења врз основа на етничка припадност или јазик. Судија во Лос Анџелес утврди кршење на Уставот.

Американскиот претседател Доналд Трамп се обрати до Врховниот суд на САД, обидувајќи се да ја оправда агресивната тактика на имиграциските агенти при рациите насочени кон нелегални имигранти. Ова доаѓа откако федерална судијка во Лос Анџелес одлучи дека агентите не смеат да проценуваат или апсат луѓе само врз основа на раса, етничка припадност или јазикот што го зборуваат.

Масовни депортации како дел од агендата

Трамп победи на изборите во 2024 година со ветување за рекорден број депортации. Ракциите на неговата администрација, особено во области како Лос Анџелес, предизвикаа паника во имигрантските заедници, протести и низа тужби поради агресивноста на маскирани и вооружени федерални агенти.

Во мај, Стивен Милер, главен стратег за имиграциска политика на Трамп, побара од агенциите да се забрзаат депортациите, поставувајќи цел од 3.000 апсења дневно.

Судска одлука: Уставот е прекршен

Во јули, група лица со латиноамериканско потекло, меѓу кои и американски државјани, поднесоа тужба против администрацијата поради неправилни апсења во рации.

Еден од нив, Џејсон Гавидија, сведочеше дека агентите не му верувале дека е државјанин, дури и по покажување на документи, и го прашувале каде е роден.

Судијката Мааме Фримпонг пресуди дека агенти на федералните служби „најверојатно ги кршат уставните права“ на уапсените. Таа донесе привремена мерка која им забранува на агентите да: застануваат или апсат луѓе врз основа на раса или етничка припадност, користат јазик или акцент како причина за сомневање, апсат луѓе само поради тоа што се наоѓаат на одредено место (како автопералници, рециклажни дворови) и го земаат во предвид типот на работа што некој го извршува

Ниту еден од овие фактори, според судот, не претставува „разумен сомнеж“ дека некој е во земјата илегално.

Министерството за правда побара од Врховниот суд да ја укине оваа одлука, тврдејќи дека таа сериозно ја попречува федералната имиграциска политика, особено во области со густо население и високи стапки на нелегална миграција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни