Агенцијата за филм ги објави резултатите од конкурсот за финансирање филм за деца

Агенцијата за филм ги објави резултатите од овогодинешниот конкурс за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2023 во втор рок на одлучување. 

На овој Kонкурс, добитници конкретно во категоријата долгометражен филм со мнозинско учество се филмовите: “Снешко”, во режија на Стојан Вуичиќ, во продукција на Дрим Фактори, “Не се согласувам”, на Кристијан Ристевски, во продукција на  Фокус Покус и “Роден да живее” во режија на Кастриот Авдили  во продукција на Дарданиa филм.

“Овој Конкурс понуди исклучителни проекти и издоминира македонскиот мнозински филм, со фокус на детскиот филм. Ова ќе придонесе најмладата публика да гледа македонски филмови од рана возраст и да ја почитува националната кинематографија„ – изјавија од Агенцијата за филм.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни