Од Агенцијата информираат дека акцијата била спроведена на депонијата „Краста“ со која менаџира јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ Куманово.
Акцијата беше организирана и спроведена од страна на Комисијата за уништување на одземени наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, формирана од Управниот одбор на Агенцијата. Согласно претходно изготвените списоци и одлуки, уништени беа предмети кои не можат да се продаваат поради здравствени, ветеринарни и фитосанитарни ризици, како и значителна количина тутунски и алкохолни производи без соодветна декларација или со фалсификувано потекло, соопштија од Агенцијата.