Агенцијата на ОН за храна ги затвора сите пекари во Газа поради недостиг на залихи

Светската програма за храна на Обединетите нации денеска објави дека ги затвора сите свои пекари во Газа поради недостиг од залихи од брашно.

Во интерниот меморандум што вчера беше циркулиран меѓу хуманитарните групи, агенцијата на ОН наведува дека поради недостиг на хуманитарна помош залихите се при крај и дека нема доволно пченично брашно за да се направи леб, објави денеска „Тајмс оф Израел“.

Агенцијата на ОН изјави дека ги дистрибуирала сите достапни оброци со храна, но дека нема повеќе залихи.

Израел ги отфрли информациите дека на хуманитарните агенции им снема храна, велејќи претходно денеска дека доволно храна влегла во Газа за време на неодамнешниот шестнеделен прекин на огнот за да 2,3 милиони жители на Појасот Газа издржат „подолго време“.

Според COGAT, тело на израелското Министерство за одбрана задолжено за цивилни прашања во Газа и на Западниот Брег, повеќе од 25.000 камиони влегле во Газа за време на прекинот на огнот, носејќи речиси 450.000 тони помош.

„Има доволно храна за подолг временски период, доколку Хамас дозволи цивилите да ја имаат“, се наведува во соопштението на COGAT.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни