Агенцијата за цивилно воздухопловство забрани дронови во Кочани и Штип

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) воведе забрана за летање и извршување било какви операции со дронови во Кочани и Штип.

Според Министерството за внатрешни работи (МВР), кое ја пренесе одлуката на АЦВ, неовластеното и некоординирано користење на дронови претставува сериозен ризик за воздушниот сообраќај и може да доведе до последици по безбедноста на граѓаните и нивниот имот.


„Оперирање со воздухоплови без екипаж во забранети зони претставува прекршок кој е предмет на санкции согласно Законот за воздухопловство“, информираат од МВР.

Истовремено, од Министерството апелираат до граѓаните да се придржуваат кон одлуките на државните институции и да ги следат насоките на полициските службеници, со цел да се зачува јавниот ред, мирот и безбедноста на сите учесници во јавните собири.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни