Македонските граѓани и денеска нема да здивнат поради високите температури. Македонија се наоѓа под влијание на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка, која ќе придонесе дневните температури во целата земја да достигнат до околу 40 степени Целзиусови. Високите температури ќе бидат проследени со стабилно и суво време.
И во Скопје и околината денеска (10 август) времето ќе биде многу топло, стабилно, суво и сончево време со максималната температура која ќе се искачува до околу 40 степен.
Здравствените власти апелираат поради многу топлиот Африкански бран, и многу високите температури на воздухот, граѓаните без потреба да не излегуваат од своите домови од 11 до 17 часот) и да пијат и повеќе течности.
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ и во текот на наредната седмица времето ќе биде претежно сончево и многу топло со пораст на дневната температура. Особено топло ќе биде и во понеделник кога дневната температура насекаде во државата ќе биде над 30, а наместа ќе достигне 40 степени Целзиусови.