Африкански бран ја погоди Македонија: Температури над 35°C, но за викендот – пресврт со невреме!

Промена на времето проследна со развој на нестабилност, локален пороен дожд, грмежи, ветер  и пад на температурите ќе има за време на викендот (сабота  и недела 30/31 август) кога ќе има услови и за локална појава на невреме.

Под влијание на стабилна, сува  и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, до петок времето во земјава ќе биде сончево и значително потопло преку ден со мала до умерена локална облачност.  Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, пренедува Метео аларм

Што се однесува до температурите, тие во најголем дел ќе надминат 30 степени, а во Повардарието како и во југоисточните предели температурите локално ќе надминуваат и 35 степени. Во Скопје  и околината исто така во погоре споменатиот период температурата ќе се искачува до околу или пак ќе надминува 35 степени, а времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност  и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Наутро пак останува релативно свежо времето со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 17 степени. Во Скопје  и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 12  и 14 степени.

Разликата помеѓу минималните утрински и максималните дневни температруи на воздухот во следните неколку денови ќе биде огромна (и за повеќе од 20 степени ќе биде разликата деновиве помеѓу истите). Токму поради ова, особено метеопатите ќе ја почувстуваат позначително оваа огромна разлика на температурите, тоа значи дека кај истите се можни поголеми здравствени проблеми.

Промена на времето проследна со развој на нестабилност, локален пороен дожд, грмежи, ветер  и пад на температурите ќе има за време на викендот (сабота  и недела 30/31 август) кога ќе има услови и за локална појава на невреме.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни