Според нивните податоци, регистрирани се речиси 300.000 потврдени и сомнителни случаи, како и повеќе од 7000 смртни исходи.
Од CDC наведуваат дека главни причини за драматичниот пораст се недоволните системи за водоснабдување и вооружените конфликти, кои ја влошуваат хигиенската состојба и го забрзуваат ширењето на болеста. Минатата година бројот на случаи на колера во Африка пораснал за повеќе од 30 проценти.
Особено критична е состојбата во Ангола и Бурунди, кои во последните недели се соочуваат со нагло зголемување на бројот на заразени поради ограничениот пристап до безбедна, питка вода. Наспроти тоа, ситуацијата се подобрува во Демократската Република Конго, Јужен Судан и Сомалија.
Меѓутоа, за областите погодени од конфликти прогнозите остануваат загрижувачки. Болеста брзо се шири во пренатрупани кампови за раселени лица, каде санитарните услови се крајно лоши и каде ризикот од масовно заразување е особено висок.
Извор: Index.hr
