Германија ќе ја предложи германска министерка за надворешни работи во заминување Аналена Баербок за претседавач на Генералното собрание на Обединетите нации, за едногодишен мандат што треба да започне во септември, изјавил за агенцијата AFP извор блиски до властите.
Баербок е шефица на германската дипломатија од декември 2021 година и наскоро ќе ја напушти таа функција по одржаните парламентарни избори во февруари во Германија.
Конзервативниот блок, кој освои најмногу гласови на изборите, одлучи да преговара за формирање коалициска влада со Социјалдемократската партија (SPD), по што Зелените, партијата на Аналена Баербок, ќе бидат во идната опозиција.
Избори во јуни
Филеон Јанг, поранешен премиер на Камерун, е актуелен претседавач на Генералното собрание на ОН, а таа функција традиционално е резервирана за високорангирани дипломати. Секоја година позицијата се ротира, па ја презема некоја земја од друг регион на светот, пренесува Бета.
По тој принцип, ова ротирачко претседателство треба да се врати во групата на западноевропски и други држави, каде што се Турција, Израел, САД, Канада, Нов Зеланд и Австралија, за периодот 2025–2026.
Германската влада првобитно предложи дипломатката Хелга Шмид за таа функција.
Изборите за претседавач на Генералното собрание на ОН се закажани за почетокот на јуни, а инаугурацијата ќе се одржи во септември.