Според соопштението, навигациските системи откриле балони во близина на аеродромот, кои, најверојатно, пристигнале од Белорусија со нелегална роба. Вестите за инцидентот ги објави новинскиот портал Делфи, кој информираше дека слични случки на затворање на аеродроми поради воздушен шверц се чести во последниот месец.
Литванија веќе воведе мерки за затворање на делови од својата граница со Белорусија, поради опасноста од шверц. Локалните аеродроми поднеле пријава до обвинителството за отворање истрага, поради загрозената национална безбедност од ваквите инциденти.
Извор: МИА
