Аеродромци го блокираа мостот „Близнак“: револт поради загадувањето од Дрисла и Вардариште

Жителите на Аеродром излегоа на протест и ја блокираа крстосницата кај мостот „Близнак“, барајќи итни мерки за чист воздух.

Жителите на Аеродром утрово организираа протест со блокада на „Мостот Близнаци“, барајќи чист воздух и трајно решение за кризите кои со години ги трујат нивните домови.

Загадувањето и силниот мирис од Дрисла и Вардариште, кои често предизвикуваат чад и вознемиреност, повторно ја натераа јавноста да излезе на улица.

Протестот е дел од иницијативата „Стоп за Вардариште“, која веќе неколку недели алармира за итно оградување на депонијата, обезбедување 24/7 и поставување камери за контрола. И покрај тоа што полицијата во повеќе наврати изрече казни за попречување на сообраќај, жителите не се откажуваат.

На протестот кај „Близнаци“ се појавија луѓе од сите генерации со транспаренти „Сакаме да дишеме“ и „Пожарите на Дрисла не се наш проблем, туку ваш срам“. Од Јавната здравствена агенција тврдат дека мерните инструменти не покажуваат алармантни отстапувања, но мирисот и видливиот чад зборуваат поинаку.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни