Аеродромот во Техеран во пламен по новиот бран напади

Силни експлозии го потресоа Техеран на осмиот ден од американско-израелските напади.
Foto: Profimedia

Аеродром во Техеран се најде во пламен рано утринава, откако нов бран силни експлозии го потресе иранскиот главен град.

Нападите се случуваат на осмиот ден од американско-израелската воена операција против Иран. Израелската армија соопшти дека започнала нова серија масовни удари врз цели во Техеран.

„ИДФ започна напад од голем обем врз цели во Техеран“, соопшти израелската војска, додавајќи дека операцијата е одговор на иранските ракети испратени кон Израел.

Снимки објавени на социјалните мрежи покажуваат силни експлозии и густ чад што се издига над западниот дел на градот, додека пожар избувнал и на еден од аеродромите во иранската престолнина.

Во меѓувреме, американските власти предупредуваат дека најголемата бомбашка кампања во досегашниот тек на војната допрва следи.

Конфликтот веќе има и сериозни економски последици. За само една недела од почетокот на војната на Блискиот Исток, цените на нафтата на светските пазари пораснаа за околу 30 проценти и достигнаа ниво кое не е видено од 2023 година.

Ситуацијата во регионот останува исклучително напната, додека меѓународната заедница предупредува дека ескалацијата може дополнително да ја дестабилизира глобалната безбедност и енергетските пазари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни