Вечерва мерните станици за квалитет на воздухот во Скопје покажуваат алармантни нивоа на PM 2.5 и PM 10 честички во Аеродром и Ново Лисиче. Овие честички се познати како најканцерогени и можат сериозно да го загрозат здравјето на граѓаните, без разлика на возраста.

Експертите од ЕУ и СЗО препорачуваат граѓаните да останат во затворени простории, да користат прочистувачи на воздух, или ако е неопходно да се движат надвор, да носат NK95/KN95 маски.