Уунона, член на владејачката партија SWAPO, е регионален советник од 2004 година. Иако Изборната комисија сè уште ги нема објавено официјалните резултати, локалните медиуми пренесуваат дека 59-годишниот политичар победил со голема разлика, како и во 2020 година кога освои дури 85% од гласовите.
И покрај своето светски познато име, Уунона ужива голема доверба кај помалку од 5.000-те жители на својата изборна единица. Домашните медиуми често го истакнуваат по неговата работа на терен и по заложбите за антиапартхејд политики.
Во интервју за германскиот весник Bild во 2020 година, Уунона истакна дека нема никаква врска со нацистичката идеологија и дека неговото име е последица на незнаењето на неговиот татко.
„Дури кога пораснав сфатив што значи тоа име“, изјавил тој. „Немам ништо со човекот кој сакал да го покори светот.“
Уунона појаснил дека како дете името му било сосема нормално, а денес во секојдневието најчесто се претставува како Адолф Уунона. Сепак, промена на името не планира – „предоцна е за тоа“.
Намибија некогаш била дел од Германска Југозападна Африка, поради што германските имиња, меѓу кои и Адолф, останале релативно чести.
Партијата SWAPO, потекната од движењето за ослободување на Намибија, денес се смета за централно-левичарска со про- пазарни политики, иако традиционално се бори против колонијализмот и белото малцинско владеење.
Со новиот изборен успех, Уунона уште еднаш покажа дека за жителите на Омпундја името не значи политика – а довербата ја стекнал исклучиво преку работата во локалната заедница.
Извор:Euronews
