Админстрацијата на САД ја укинува старт-стоп технологијата во делот на заштита на екологијата

Администрацијата на Доналд Трамп донесе историска одлука за укинување на еколошки стандарди за автомобилската индустрија, вклучувајќи го и старт-стоп системот, со што се дава предност на потрошувачката слобода пред заштитата на животната средина.

Американската Environmental Protection Agency (EPA) го укина системот на еколошки стандарди за возила воведен во 2009 година и одлуките за „off-cycle“ кредити, кои им овозможуваа на производителите на автомобили да ги исполнат строгите емисиски норми преку технологии како старт-стоп системот.

Според директорот на EPA, Lee Zeldin, ова е „најголемата дерегулативна акција во историјата на САД“ и би можела да им заштеди на граѓаните повеќе од 1,3 трилиони долари.

Крај на омразената старт-стоп технологија

Старт-стоп системот, кој автоматски го гаси моторот кога возилото е во мирување, стана стандард во 60% од новите автомобили, но многу возачи го сметаа за:

  • Иритирачки при секој престој на семафор
  • Причинител на побрзо трошење на батеријата
  • Потенцијално штетен за моторот

Администрацијата тврди дека технологијата не донела значителни еколошки придобивки и дека укинувањето на поттикот ќе им овозможи на производителите да се прилагодат на желбите на потрошувачите.

Последици за екологијата и пазарот

Новите правила го укинуваат и обврзувачкото мерење и сертифицирање на емисии на стакленички гасови. EPA тврди дека претходните прописи ја насочуваа индустријата кон електрични возила, зголемувајќи ги цените и ограничувајќи ја економската мобилност.

Министерот за транспорт Sean Duffy истакнува дека укинувањето на овие барања ќе ги направи автомобилите по достапни и ќе ја стимулира американската производство.

Сепак, критичарите предупредуваат дека ова може да го забави напредокот во борбата против климатските промени и да ги зголеми емисиите на штетни гасови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни