Администрацијата на Трамп започна со отпуштање на дел од вработените во „Гласот на Америка“

Трамп во петокот потпиша указ кој ја класифицира владината агенција која ја надгледува оваа медиумска групација USAGM со 3.384 вработени во 2023. година, како „непотребен елемент на федералната бирократија“.At

Вработените на определено време во „Гласот на Америка“ изјавиле дека во неделата примиле е-маил во кој биле известени дека нивните договори завршуваат на крајот на месецот.

Отпуштањето на персоналот во Гласот на Америка, Радиото Слободна Азија и други јавни медиуми беше соопштено во сабота како дел од намалувањето на буџетот што го најави претседателот на САД Доналд Трамп.


Персоналот вработен на договор (на определено), што го сочинува поголемиот дел од службите на VOA надвор од англиското говорно подрачје, добил е-маил со известување дека нивните договори престануваат на 31. март.

Многу од овие вработени не се државјани на САД и им се заканува отпуштање. Тоа се однесува на оние кои се наоѓаат во САД, бидејќи може да се случи да не им се продолжи дозволата за престој.

Тие вработени кои се државјани на САД и се ставени на принуден одмор, во оваа фаза не добиле писмо за отпуштање. Лиам Скот, новинар на VOA кој ќе биде отпуштен на 31. март, напиша на платформата X дека затворањето на VOA и слични медиуми е напад на слободата на медиумите.

„Долго време известував за слободата на печатот и никогаш не сум видел нешто што може да се спореди со она што се случува во САД во последните два месеца“, рече Скот.

VOA, основана за време на Втората светска војна, Радио Слободна Европа формирано за време на Студената војна, и Радио Слободна Азија, основано во 1996. година, имаат цел да го пренесуваат „Гласот на Америка“ ширум светот, особено во авторитарните земји.

Трамп во петокот потпиша указ кој ја класифицира владината агенција која ја надгледува оваа медиумска групација USAGM со 3.384 вработени во 2023. година, како „непотребен елемент на федералната бирократија“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни