Адел со своите настапи во Минхен сруши два рекорда, а минатата година заработуваше речиси 26.000 евра дневно
Британската пејачка Адел неодамна најави дека ќе направи подолга пауза од музиката. Таа пред оваа изјава изведе неколку настапи во Лас Вегас и Минхен. Како што пренесува Мирор, изминатите 12 месеци Адел го зголемичжла своето богатство за 170 милиони фунти или нешто повеќе од 205 милиони евра.
Нејзината компанија Melted Stone Publishing Ltd заработи 13,5 милиони фунти. Адел заработувала 21.500 фунти дневно од нејзините настапи во Лас Вегас и Минхен.
Адел во Лас Вегас настапуваше две години, а со настапите во Минхен сруши два светски рекорди, од кои едниот е официјален Гинисов рекорд. Еден од тие рекорди се однесува на посетеноста на нејзиниот концерт, при што повеќе од 730.000 фанови од цели свет дојдоа да на нејзиниот настап во Германија.
По огромниот успех со концертите и рушењето на неколку рекорди, Адел замина на долга пауза од музиката. Сега наводно планира да се фокусира на актерската кариера, а се подготвува и за венчавката со вереникот Рич Пол, со кој наскоро планира да има деца. Рич ја запроси пејачката во јули, а пејачката потврди дека се вериле во август на еден од нејзините настапи во Минхен.
“Кога ќе завршам со обврските и сите настапи, сакам да имам бебе. Сакам девојче бидејќи веќе имам момче. Мислам дека таа би можела да биде личноста што ќе ја сакам најмногу на светот“, рече Адел.
Инаку, Адел со поранешниот сопруг Сајмон Конецки го има синот Анџело. Двојката се раздели во 2019 година по седум години брак, а разводот го финализираа во 2021 година.