Адел се соочува со тужба за плагијат, украла бразилска песна

Бразилски судија ѝ нареди на британската поп-ѕвезда Адел (36) да ја повлече песната „Million Years Ago“ поради обвинувањата за плагијат на бразилскиот композитор Тонињо Гераес. Издавачките куќи на Адел, Sony Music Entertainment и Universal Music, се соочуваат со можна казна од 8.000 долари.
Фото: Wikimedia Commons/Egghead06

Прелиминарната забрана беше издадена од судијата Виктор Торес во петокот во Стопанскиот суд во Рио де Жанеиро, додека судската постапка се очекува да продолжи. Пресудата, објавена од АФП, им наредува на Sony и Universal Music „веднаш и глобално да ја прекинат употребата, репродукцијата, уредувањето, дистрибуцијата или комерцијализацијата на песната „Million Years Ago“ во која било форма – физичка или дигитална, вклучително и платформите за стриминг.

„Ова е важен момент за бразилската музика, која често служи како инспирација за меѓународните хитови“, рече Фердимио Трота, адвокатот на Тонин Жераес. Жераес тврди дека песната на Адел е плагијат на неговата самба класика Mulheres, која ја снимил познатиот бразилски уметник Мартињо да Вила на успешен албум од 1995 година.

Композиторот бара компензација за изгубените авторски права, 160.000 долари морална отштета и признавање како автор на песната. Адел и нејзините издавачки куќи се уште не се изјасниле, додека адвокатот нагласува дека оваа забрана може да послужи како предупредување за меѓународните уметници и дискографи да не ја злоупотребуваат бразилската музика.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни