Адел ги разочара обожавателите со астрономските цени на билетите за концертите во Лас Вегас

По четирите седмици во Минхен, Адел ја продолжува својата турнеја во САД, но многу од нејзините фанови останаа шокирани од високите цени на влезниците за концертите во Лас Вегас. Концертите ќе се одржуваат од крајот на октомври до крајот на ноември, но влезниците за седишта во задниот дел на салата чинат од 3.500 до 4.800 долари, додека билетите за поблиските седишта до сцената надминуваат 5.000 долари.

На „препродажните“ сајтови, ситуацијата е уште полоша – цените скокнаа до неверојатни 13.000, па дури и 70.000 долари, што предизвика негативна реакција кај нејзините фанови. Социјалните мрежи беа преплавени со коментари како: „Таа е одлична, но цените се нереални“ и „Ако го дозволуваш ова, губам почит кон тебе како уметник.“

Интересно е што Адел најави подолга пауза по оваа турнеја за да се посвети на своето семејство, како и на потенцијалната кариера во глумата. Иако има „Оскар“ за оригинална песна од 2013 година, засега нема официјални информации за нејзиното учество во нови филмски проекти.

Покрај тоа што одби понуда за нови концерти вредни 200 милиони долари, Адел откри дека сака повеќе време да поминува со своето дете.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни