Абделати: Избрани 15-те палестински кандидати кои ќе управуваат со повоена Газа

Избрани 15-те палестински кандидати кои ќе управуваат со повоена Газа

Шефот на египетската дипломатија, Бадр Абделати, изјави дека 15 палестински технократи се избрани да управуваат со повоена Газа.

Абделати рече дека нивните имиња веќе се проверени од Израел, но не прецизираше за кои лица станува збор, објави денеска „Тајмс оф Израел“.

„Треба да ги распоредиме за да се грижат за секојдневниот живот на луѓето во Газа, а Комитетот за мир треба да го поддржува и следи протокот на финансии и пари што ќе дојдат за обнова на Газа“, рече Абделати.

Според мировниот предлог на американскиот претседател Доналд Трамп, кој беше усвоен вчера во Шарм ел-Шеик од страна на претставници од триесет земји, Комитетот за мир ќе управува со Газа, а Трамп ќе биде негов шеф.

Абделати рече дека комитетот од 15 палестински членови веќе е одобрен од сите палестински фракции, вклучително и милитантната организација Хамас.

Тој додаде дека членовите на Хамас го поздравуваат планот на Трамп.

„Тие немаат никаква улога во преодниот период. Тие се посветени на тоа. Затоа работат на административен палестински комитет кој ќе биде распореден за да се грижи за секојдневниот живот на луѓето од Газа“, рече Абделати.

Министерот нагласи дека, од своја страна, Израел мора да се повлече од Газа и да дозволи проток на помош и распоредување на административен комитет на терен за да се обезбеди безбедноста на цивилите, а дека и Хамас мора да ги почитува своите обврски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни