АББА бараат Трамп да престане да ги користи нивните песни во кампањата

Шведската група АББА побара од кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп да прекине да ги користи нивните песни во кампањата.
Фото: Raph_PH, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

На митингот во Сен Клауд во Минесота, каде што има најмногу Швеѓани во САД, од кампањата на Трамп ги пуштале песните „Money, Money, Money“, „The Winner Takes it All“ и „Dancing Queen“.

Дури било прикажувано и видео од АББА со повици луѓето да донираат за кампањата на Трамп.

Universal Music Group, кои се издавачи на АББА, наведуваат дека Трамп немал дозвола за да го направи тоа и дека снимките мора веднаш да бидат отсранети.

Видеата се повлечени од социјалните мрежи, а на каналот на Доналд Трамп дел од снимката од митингот од Минесота е без звук.

Извор: Н1

Најново

Последни колумни