Ајфеловата кула била изградена за да биде срушена

Ајфелова кула е железна кула изградена на т.н. Марсово Поле покрај реката Сена во Париз. Тоа е највисоката градба во Париз и меѓу најпрепознатливите симболи во светот. Именувана според нејзиниот архитект Густав Ајфел, денес претставува една од најпосетените туристички атракции.

Кулата во почетокот била лошо прифатена од јавноста, многу ја нарекувале непријатна за окото. Писателот Ги де Мопасан ручал во ресторан на кулата редовно бидејќи било единственото место во Париз од каде сигурно не се гледала.

Денес таа се смета за една од најпрепознатливите градби во светот.

  1. Изградена е во чест на 100 годишнината од Француската револуција која се одбележала во 1889 година, а името го добила по францускиот инженер Густав Ајфел (Gustave Eiffel) кој ја проектирал и чија компанија ја изградила кулата.
  2. Со тек на годините има сменето неколку бои: Од црвеникаво – кафеава боја на почетокот, 10 години подоцна била обоена во жолта боја, а во 1968 година е обоена во бојата која ја има и денес – тоа е специјална мешавина на бои позната како “Eiffel Tower Brown”. Кулата се префарбува на секои 7 години, за да го задржи својот свеж изглед.
  3. На врвот на првото ниво, Ајфел изградил лабораторија за себе и за француските научници кои студирале астрономија, метеорологија, аеродинамика и психологија.
  4. Нелегално е да ја фотографирате оваа кула кога ќе се стемни, бидејќи според француската влада – светлосното шоу кое ја осветлува кулата навечер е уметничко дело кое е заштитено со авторски права.
  5. Кога дува посилен ветер, кулата се ниша и врвот може да се помрдне за 6 -7 метри, па затоа кога има силен ветер таа е затворена за посетители.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни